Барбара Цангерл ја искачи слободно „Des Kaisers Neue Kleider“ (8b+) и ја комплетира алпинистичката трилогија.

Барбара Цангерл е првата жена која ја искачи алпинистичката трилогија

Барбара Цангерл од Австрија стана првата жена што ја комплетира „Алпинистичката Трилогија” (слободно искачување на трите најтешки долги насоки во сува карпа) по слободното искачување на „Des Kaisers Neue Kleider” („Новите Алишта на Цезарот”) која е оценета со 8b+ и се издига на околу 244 m по варовничките карпи на Вилдер Каисер во Австрија.

Цангерл ја заврши насоката на 5 септември оваа година по поминати вкупно 15 дена во обиди „да ги разбере тајните на Новите Алишта на Каисерот,” како нејзиниот качувачки партнер Јакопо Ларкер (Jacopo Larcher) од Италија.

Цангерл прво ја качи „The End of Silence” минатиот август, правејќи го првото женско повторување. Потоа направи второ женско повторување на „Silbergeier” во јули (првото женско повторување го направи швајцарката Нина Капре (Nina Caprez)).

Барбара Ценгерл се смести во рангот на big-wall спортско-качувачката елита со нејзиното повтoрување на „Des Kaisers Neue Kleider”. Како и да е, воопшто не беш лесно за Австријката. Вкупно направила обиди за редпоинт искачување на осмиот цуг, кој е вториот цуг со тежина од 8b+ во целата насока. Но на крајот, Цангерл го помина клучниот дел и потоа ја помина преостаната должина од 6c до врвот.

Дваесетипетгодишната Цангерл брзо стана една од најдобрите универзални качувачки во светот. Првпат се истакна со тоа што стана првата жена која качила V13 за нејзиното искачување на „Pura Vida” во Меџик Вуд (Magic Wood), Швајцарија.

Како и да е, откако настрада од дискус хернија, Цангерл се префрли од тешките болдери и започна качување со јаже. Сепак, таа не прави само спорстки искачувања, таа качува сè од тешки традционални до страшни, повеќе долги цугови, алпски спортски насоки.

Оваа насока е позната како голем испит, и е првпат качена во 1994 година од германскиот качувачки виртуоз Штефан Гловач (Stephan Glowacz); потоа следува „Silbergeier” (8b+) во областа Ретикон (Rätikon) во Швајцарија, качена во 1994 година од Бит Камеландер (Beat Kammerlander); и „The End of Silence” (8b+), исто така качена во 1994 година од Томас Хубер (Thomas Huber) на Фојерхорн (Feuerhorn) близу Рајтер Алм (Reiter Alm) во Берхтесгаден (Berchtesgaden), Германија, ја сочинуваат импресивната алпинистичка трилогија.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија