Амарант – храна по сите мерки

Ова е главната состојка помешана со малку мед во колаче наречено dulce de alegría (колаче за среќа). Освен насмевки на лицата, ова е состојка и за среќни стомаци.

Зошто допрва се популаризира? Бил главна состојка во сите јадења поврзани со пагански обреди на Атцеките, па шпанските инквизитори решиле да го банираат од употреба. Но некаде во ’70тите започал повторен интерес за оваа навидум изгубена житарка, откако била главно мезе за астронаутите на првото полетување на шатлот Атлантис во 1985.

Всушност како и киноата, амарантот е псевдожитарка со нутритивен состав поблиску го спањакот отколку до пченката, но се употребува на ист начин како и сите други житни растенија, а е единствената житарка која содржи Ц витамин.

  • Музички факт: Финскиот симфоничен метал бенд Nightwish имаат песна насловена Amaranth. Името е искористено во контекстот на неговото значење „оној што никогаш не овенува”, бидејќи цветот на амарантот ја задржува интензивната боја долго по жетвата. #music

Неколку карактеристики го прават амарантот супериорна храна, во однос на сите други слични на него. Најпрво амарантот претставува одличен извор комплетен протеин (околу 13-14%) со висока содржина на аминокиселината лизин. Лизинот најчесто недостига или е во екстремно ниски количини во растителната храна. Само сварете го исто како што се вари ориз и уживајте во протеински набилдан оброк и доза лизин заедно со сите други аминокиселини.

Во однос на минералниот контент амарантот е особено богат со калциум, железо, манган и магнезиум. Оваа карактеристина најмногу се должи на фактот што всушност припаѓа во иста лоза со спанаќот и блитвата, па по состав е близок на темнолистестите растенија. Од витамините задоволителна е содржината на Б групата, со акцент на Б6 (пиридоксин).

Не содржи глутен! Глутенската интолеранција е проблем кој се почесто се јавува и претставува сериозен и истоштувачки проблем за оние кои ја имаат. Амарантот не содржи глутен, па според тоа претставува одличен избор за глутен-сензитивните лица.