Матео Дела Бордела, Лука Скиера и Силван Шипбах направија првенствено искачување по Западна Стена на Ули Бахо

Ново искачување по Ули Биахо на Транго

Матео Дела Бордела (Matteo Della Bordella), Лука Скиера (Luca Schiera) и Силван Шипбах (Silvan Schüpbach) безбедно пристигнаа во базниот логор откако направија првенствено искачување на нова насока по тешката и „изгубена” Западна Стена на Ули Бахо во групацијата на кулите Транго во Пакистан.

Тие првично планирале да качуваат првенствена насока во југоисточниот дел од кулата, но недостатокот на рељефни форми и лошата карпа ги одвратиле. На југозападната стена, тие наоѓаат добра карпа и очигледни можности за насока, но не успеале при првиот обид, повлекувајќи се по четири цуга.

  • „Околу недела дена непредвидливо време нè спушти долу, но нашиот метеоролог ни највави дека надоаѓа тргидневен прозорец со добро време,” рече Дела Бордела. „Тоа беше доволно за да се обидеме повторно.”

Тие започнаа со својот втор обид на 19 јули, започнувајќи ја 200 m-ската пречка на снежно-леденото поле со наклон од 60-75°.

  • „Во првиот дел од насоката најдовме три клина. Подоцна дознавме дека тие се од француски обид во 1974 година,” изјави Бордела.

Систем од пукнатини и лушпи им овозможи на наврската слодобно да го искачат долниот дел од насоката, но потоа мораа да техничарат.

  • „По каминот, за несреќа најдов мокра пукнатина и нашиот сон за слободно качена насока исчезна,” се сеќава Бордела. „Бев принуден да техничарам 20 m под водопад.”

Алпинистите се споија на друга насока, претходно искачена од Маурицио Џордани (Mauruzio Giordani), Росана Манфрини (Rosanna Manfrini), Маурицио Венцо (Maurizio Venzo) и Курт Валде (Kurt Walde) во 1988 година, на две должини.

  • „Од насоката на Џордани, се насочивме налево кон комбиниран терен кон крајниот гребен,” рече Бордела.

Неколку кратки цугови и тие притигнуваат на врвот.

За искачувањето на алпинистите им беа потребни цели два дена разделени со еден неудобен бивак на положена полица. Тие ја поминаа 500 m-ската стена во 17 цуга и со тоа качија средно-тешка насока.

  • „Според нашето мислење ова е најлесниот начин да се стигне до врвот на планината. На југозападната стена има многу повеќе лушп и пукнатини но и помалку е стрмно,” рече Бордела. „Како и да е, пристапот е долг и потежок.”

Ули Биахо првпат беше качен по источната стена од американците Бил Форест (Bill Forrest), Рон Кок (Ron Kauk), Џон Роскели (John Roskelley) и Ким Шмиц (Kim Schmitz) во 1979 година. Овие качувачи поминаа 10 ноќи на стената и влечеа над 137 kg опрема и храна. Им требаа шетири дена и 44 абзела за да стигнат назад до основата.

По 9 години, Росана Манфрини (Rosanna Manfrini), Маурицио Венцо (Maurizio Venzo), Курт Валде (Kurt Walde), водени од Маурицио Џордани (Maurizio Giordani), качуваа првенствена насока по 800 m-ската југозападна стена (5.11, А3). Наврската качуваше „три дена по црвениот гранит, кој беше вертикален, многу компактен и обвиен со мраз,” напиша Џордани за Американскиот Алпинистички Журнал во 1989.

Третото искачување на на оваа тешка кула е од новозеландските качувачи Гај Котер (Guy Cotter), Николас Крадок (Nicholas Craddock) и Пол Роџерс (Paul Rogers), кои искачуваат првенствена насока по јужното ребро.