Ситно, а динамитно – Леќа

Мал, но нутритивно моќен член на групата легуминози.

Леќата слободно може да стане вашата омилена манџа. А додатно, со малку кулинарска имагинација, можете да ја искористите сварена уште во многу други салати, сосеви и додатоци. И да не биде зборење напразно еве ја нутритивната карта на ова превкусно зрно.

Леќата е одлична за вегетаријанци. Најсилен адут на леќата е протеинскиот состав, со речиси 35% од дневната потреба во 200 грами леќа. Освен за вегани и вегетаријанци, добар протеински извор е и за оние што се обидуваат да го намалат внесот на месото.

Со 5 ѕвезди за содржината на диетални влакна. И солубилните и несолубилните ги има во големи количини во леќата. Едните ја подобруваат дигестијата, а другите превенираат опстипација и дигестивни проблеми.

Леќата има низок гликемичен индекс, што значи дека овозможува бавно согорување на енергија со стабилни ниво на гликозата во крвта, што потекнува од диеталните влакна, а истите се поврзуваат и со намалување на холестеролот. Ова ја прави пријателски насторено јадење кај лица со дијабетес или метаболен синдром, каде брзо согорувачките шеќери (кои леќата воопшто не ги содржи) може да се одразат негативно.

Претставува одличен извор на фолати и железо, два многу битни елементи, без кои може да дојде до појава на анемија т.е. намален број на црвени крвни зрнца. На овие два елементи особено внимание треба да обратат идните мајки, бидејќи се важни за правилен развој на плодот.