Спортска несреќа и пробушена гума не остави без пласман за престојните Младински Олимписки Игри

Македонија без преставници од Велосипедизмот на МОИ во Нанџин 2014 – Кина

Дупната гума беше причина што Јован Јованоски, нашиот единствен учесник во категоријата на Јуниори, не успеа да го задржи својот пласман.

Гордо и најразвиорено се вееше Македонскот знаме на јарболот, второ по ред од вкупно 46 национални знамиња. Како да наговестуваше дека ќе не послужи добра спортска среќа, со што би ја оствариле целта на нашето учество на овој Светски Шампионат во Јужно Африканската Република, исполнување на нормативот за престојните Младински Олимписки Игри – МОИ во Нанџин 2014 – Кина. Според квалификациониот систем, само 28 Нации имаа можност да земат учество овие МОИ.

Дупната гума беше причина што Јован Јованоски, нашиот единствен учесник во категоријата на Јуниори, не успеа да го задржи својот пласман. Како и на останатите натпревари во организација на УЦИ, очекувана стартна позиција од предпоследното 75 место.

Сепак патеката во корист на Јован со долги нагорнини и во првиот круг успева да се пробие до 49-та позиција. Втор круг со две места понапред, на трети круг со уште едно место понапред, и на почетокот на четвртиот круг и првиот технички спуст во градината на камењата на оштар камен пука задната гума.

И покрај напорите со спрејот за лепење и пумпање на тубелес гуми, Јован неуспешно губи драгоцени 3-4 минути по што се впушта со трчање по патеката во должина од 1,2 км носејќи го велосипедот во раце до техничката зона, со што дополнително губи 6-7 минути.

Задното тркало променето, продолжува да го дава својот максимум но за жал пред почетокот на петтиот круг судиите го отстрануваат од патеката поради задоцнување од 45 секунди, во однос на 80% време од првопласирниот што значеше 12 минути. Со ова беше завршена трката за пласман на 56 позиција со -1 круг, што според Нации ова време не` пласира на 33 место.

Со големо разочарување и очи полни со солзи, Јован се враќа во техничката зона, континуитет без спортска среќа веќе подолго време, слична беше случката и на Европскиот Шампионат, каде падот го спречи да ја задржи одличната 34 позиција.

Следен предизвик на кој од Јован се очекува да ја задржи титулата е Балканскиот Шампионат во Планински Велосипедизам кој се одржува од 11 до 14 Септември во Помпорово – Бугарија.