Си посолуваме срцеви болести

Кога седнувате на ручек и се фаќате за соларчето пред воопшто да го вкусите јадењето си „насолувате“ многу повеќе од само вкусова дразба.

 

Што се случува со телото кога внесуваме премногу сол?

Најчесто бубрезите не успеваат да се справат со преголемата количина на натриум хлорид во крвотокот и како што истиот се насобира, на системот за излачување му останува единствено да задржува течности со цел да ја разреди сета таа сол. Така се покачува и количината на течности, што за последица носи зголемување на волуменот на крв, последователно зголемен крвен притисок и преоптеретување на срцето.

Препораки на специјалистите?

На прво место е прекин на пушењето и барем 30 минутна умерена физичка активност, заедно со контрола на телесната тежина и намалување на консумацијата на алкохол.

Во однос на исхраната намалување на внесот на заситени масни киселини на помалку од 10% дневно, и помалку од 30% на сите масти од вкупните калории. Готварската сол треба да се намали на помалку од 5 грами дневно (1/4 лажичка) и барем 400 грами овошје и зеленчук.

Што додатно можете да преземете?

Откријте ги скриените количества на сол во лебот, конзервираната храна, доматното пире, миксовите од житарки, замрзнатата храна, грицките. Читајте ја нутритивната карта на производите и трудете се максимално да ги избегнете оние кои изобилуваат со сол. За ниска количина на сол се смета онаа под 140 мг сол од порција.

Пробајте малку кулинарска хемија и неутрализирајте ја солта во јадењето преку додавање на киселина како сок од лимон, јаболков или некој друг оцет во сосевите кои нанамерно или намерно сте ги посолиле малку повеќе од дозволеното.

Внесувајте повеќе калиум кој има обратен ефект од натриумот во организмот, ги релаксира крвните садови и го намалува крвниот притисок. Според Хардвард, колку е постабилна количината на калиум во организмот толку се намалува опасноста од срцев удар. Најдобри нутритивни извори за калиум се доматите и бананите.