5 работи што вистински го забрзуваат метаболизмот

Во оваа статија ќе збориме за што навистина го забрзува метаболизмот и ја забрзува оксидацијата на мастите. Од премногу статии што ветуваат дека ќе ви го зголемат ова се докажани,тестирани лично на себе и тоа што навистина науката има докази за тоа.Спремни сте почнуваме.

1.Зголеми мускулна маса.

Да слушнавте девојки ова важи за вас што сте на диети и што не сакате да слушнете што науката вистински вели за дигањето тежини.

Не само што ќе го добиете тонираното тело што сте го посакувате,туку ќе трошите повеќе калории дур седите и телото по ефикасно ќе ги согорува јаглехидратите како енергија.

Луѓето што се плашат од дигање тежини и што прават аеробични вежби треба да престанат да го прават тоа затоа што кардиото е докажано дека го забавува метаболизмот и дека се што прави е го прави по ефикасен за складирање масти.

2.Вклучи високо интензивно кардио

Немаш време да правиш 45 минути кардио,нема проблем.Решението е во високо интензивното кардио кое е вежбање во одредени кратки периоди со високи интервали препратени со одмор или со низок интензитет.

Истражувањата покажаа дека вежбањето на високо интервално вежбање не само што е по ефективно за топење масти,туку го забрзува метаболизмот за наредните 36-48 часа.Во тие часеви телото го надокнадува кислородот и стресот што вие сте го направиле мора да се надокнади,па само од седење може да потрошите 100 калории за 2 дена.

3.Јадете повеќе протеини

Митот дека јадењето високо протеинска исхрана предизвикува бубрежни болести е разбиен одамна.Не само што е разбиен туку најдено е дека протеините играат голема улога при топењето масти.

Во повеќето студии каде што имало низок внес на протеини наспроти висок внес на протеини е најдено дека луѓето што конзумирале високо-протеинска храна стопиле повеќе масти и се чувстувале повеќе сити,помалку глад и помалку мамеле на диетата.

Причината зашто протеините го забрзуваат метаболизмот е термичкиот ефект на храната или ТЕХ.ТЕХ означува колку телото троши енергија за апсорбирање на одреден нутриент протеини,јаглехидрати и масти.

ТЕХ на протеините е дури 25-30 % и енергетската вредност на протеините треба да биде 3.0-3.2 заради овој ефект.Плус протеините бавно се апсорбираат и ве прават сити и помалку гладни.Во превод тоа е помалку калории и повеќе согорени калории,заради овој ефект.

4.Пијте зелен чај

Луѓето што пијат зелен чај имаат добра причина за тоа.

Во зелениот чај има катехини а еден од најпознатите се EGCG кој заедно со кофеинот од зелениот чај функционираат заедно.За да го добиете ефектот треба да пиете 6 шољи дневно или 600 мг е дозата што е најдена дека е ефективна.

5.Не јадете доручек.

Да ме слушнавте што зборам,доручекот не е најважен оброк на светот.Има причина зашто е тоа така.

Луѓето што пропагираат така не сакаат да слушнат што науката вели за тоа.Првото нешто што се дешава е се зголемува адреналинот и норедраналинот.Во превод тоа значи кај некој луѓе повеќе енергија и зголемена оксидација на мастите после одреден период.Едни од најстручните тренери препорачуваат 12 часа не јадење за да се зголеми ефектот,протоколот на Leangains препорачува 16 часа не јадење.

Со тоа го зголемувате нивото на хормон за раст и не губите мускули веднаш,мускулите се губат после 36-48 часа.Само погледнети ги резултатите на Leangains.
Но секако дека флексибилната исхрана и калорискиот внес треба да се припазува.Водете дневник и калории колку внесувате,ниеден протокол не гарантира успех ако нема калориски дефицит.

Со ова сакав да отворам нова перспектива кон што навистина функционира и од што треба да се тргнете.

Се надевам дека разотркив некои трикови и некои манипулации што можете да ги направите за максимални резултати.

Автор

Atletiks Fitness

Скопје

Македонија