26.08 - 01.09.2013 Светски Шампионат - Јужно Африканска Република

Македонија за прв пат на Светски Шампионат во Планински Велосипедизам

За првпат во историјата на македонскиот Велосипедизам, Република Македонија зема учество на најпрестижниот натпревар во Планински Велосипедизам.

Велосипедската Федерација на Македонија – ВФМ го испраќа Националниот Тим во состав на Јован Јованоски – Велосипедист и Александар Јованоски – Тим Менаџер.

Од 26.08 до 01.09.2013 во Пиетермаритзбург – Јужно Африканска Република ќе се одржи Светскиот Шампионат во Планински Велосипдизам, кој истовремено од страна на Интернационалната Велосипедска Унија – UCI e класифициран како натпревар за остварување на норматив за учество на престојните Младински Олимписки Игри -МОИ во Нанџин 2014 – Кина. Според квалификациониот систем само 28 Нации ќе имаат можност да земат учество овие МОИ.

Јован Јованоски, нашиот најуспешен велосипедист во тековната 2013 година со учество на повеќе натпревари од Олимписки карактер се заќити со 3 златни е еден сребрен медал. Учество зеде и на два Светски Купови во организација на UCI, каде од конкуренција на 140 велосипедисти во Германија го освои 89 место, а во Чешка 70 место.

Ранкингот на Нациите според UCI на овие натпревари и резултатите на Јован ја рангираат Македониа на 22 место во Светскиот Куп во Германија односно на 18 место во Чешка. Според тоа престојниот Светскиот Шампионат, Јован би имал за задача да ги потврди претходните резултати, односно во очекување сме на подобри резултати поради ограничениот број за учество на велосипедисти од страна на UCI и се разбира подобро пласирана стартна позиција, што би довело до оставурање на посакуваниот норматив во 28-те Нации.

Македонскиот Олимписки Комитет – МОК, ги превзеде трошоците за патувањето, а останатите трошоци со заеднички сили ги обезбедија ВФМ, општина Охрид и останатите спонзори.

Доколку нè послужи малку повеќе спортска среќа, без технички проблеми и падови како што беше случајот на Европскиот Шампионат каде Јован се пласира на 57 позиција од вкупно 85 учесници, од него очекуваме високи резултати со што воедно би се подигнал ранкингот на Македонија на листата на UCI, ранкинг кој директно влијае на стартната позиција на престојните натпревари, истакна претседателот на ВФМ Сашо Димитријоски на денешното присуство во Охрид, на испраќањето на тимот кој ќе ја претставува Македонија на Светскиот Шампионат.

Автор

Biking and Cycling Club EcoDrome Ohrid

Охрид

Македонија