„Швајцарската Машина“ со нов рекорд

Ули Штек за 11,5 часа на гребенот Пиотере Интеграл

Еден од најпознатите и најтешките алпски гребени, Интеграл (Puеterey Integrale) беше освоен од Ули Штек за неверојатни 11 ипол часа. 

Гребенот претставува 4500 m денивелација од општа оцвена VI+, TD+ ED1. Добри наврски од двајца успеваат да го поминат гребенот за 2-3 дена. Ули Штек (Ueli Steck), неречен „Швајцарската Машина”, успеа да се справи со предизвикот за 11,5 часа, сам.

И кaко да му се виде недоволно, тој продоложи и со пристапот од долината и слегување од Мон Блан до Ле Хуш (Les Houches).

Штек, кој пред тоа никогаш не бил на Мон Блан од југ, беше мотивиран од неколку претохдни рекордни претходни искачувања, особено од последното, на 7 август, од младиот словенец Лука Линдич (Luka Lindič) за 15,5 часа без претходно познавање на насоката (познат му бил само делот од Гранд Пилие д’Англ (Grand Pilier d’Angle) до Мон Блан).

Пред планираното искачување Штек се искачил на гребенот со Каролин Џорџ (Caroilne George), за да увиди дали е возможна реализацијата на својот план и ефикасно и брзо движење. Се вратил убеден дека насоката, понекогаш и тешка за наоѓање и ориентација, е совршена за качување без јаже. Затоа понел минимална опрема, иако расолагаше со едно 60  м-ско јаже за абзелување, плус неколку енергетски чоколади и гелови.

Започнува во 4:00 на 14 август. По 1 час и 10 минути стугнува на Егуиј Ноар (Aiguille Noire), каде неколку дена порано го оставил ранецот со опрема, о покрај темнината започнува со качување. По пристигнувањето на Поан Велценбах (Pointe Welzenbach) го менува чевлите со патики за качување и во 8:30 стигнува на врвот Егуиј Ноар д’Пиотере (Aiguille Noire des Peuterey).

Следуваат 16 абзели во правец на „Англиските Дами” (Les Dames Anglaises), кои ги заобиколува со пречење и искачување по т.н. Шнајдеров Кулоар. Пред да стигне до Поан Гуермина на Егуиј Бланш (Aiguille Blanche) престигнува две наврски, кои качувале по гребенот.

На Егуиј Бланш става дерези и по заобиколувањето на остриот снежен гребен неколку абзели на седлото Пиотере (Colo de Peuterey), кое е обвиено во магла. Маглата била толку густа, што швајцарецот губи доста време во лутање, додека го најде почетокот на Гран Пилие д’Англ. Најпосле успева и малку пред 15:00 часот стигнува на Мон Блан д’ Курмајор (Mont Blanc du Courmayeur).

Во 15:35 стапнува на Мон Блан. Оттаму патот го води само надолу. Пред катедралата во Ле Хуш стигнува млку пред 20:00, поточно 16 часа и 9 минти пред стартот од кампот во Вал Вени (Val Veny) од италијанската страна на Мон Блан. И покрај заморот Ули се откажал од транспорт и пеш се вратил до кампот во Ле Босон (Les Bossons).

Иако постигнувањето на швајцарецот е значајно, треба да се забалежи дека Словенецот Лука Линдич истото го постигна со само 4 часа подолго време и го помина гребенот без никакви претходни познавања, кое, при толку сложен терен, има огромно значење. Освен тоа, Штек го заобиколи сложениот терен во областа на „Англиските Дами”, и на тој начин го скрати времето на искачувањето; сеуште немаме информации како и од каде Лука Линдич го има поминато овој дел.

Извор  

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија