Колку шерќерно е токсично?

Според едно испитување извршено врз заморчиња, шеќерот дури и во границите на онаа количина која се смета за безопасна може да има токсичен ефект на подолгорочен план.

На заморчињата им била давана храна со 25% шеќер, еквивалент на плус три лименки газиран пијалок во една здрава нормална диета за луѓето.

На крај се испоставило дека до 58та недела од испитувањето заморчињата хранети со шеќерчиња имале двојно поголема шанса за смрт за разлика од оние на кои не им бил даван шеќер во толкава количина. Освен тоа нивната територијалност била видно намалена, заедно со репродукцијата, без поголема промена на телесната тежина.

Според експертите оваа студија дава една многу важна порака. Всушност ефектот на шеќерот во телото не мора да се експресира само преку зголемување на тежината и дебелеење туку може да има и подмолен ефект кој е физички невидлив, но влијае врз нормалните физиолошки процеси.