Детокс без мака

За целосна детоксикација, особено ако сте бивши или сегашен маченик на диети, не мора да се држите само до цедени сокови и сурова храна. Повелете некој совет за како да се детоксицирате на полесниот начин.

1. Храната консумирајте ја во облик најблизок до свежиот.

Не мора да се ставате на строга диета. Само бирајте свежо и органско. Јајцата што ги јадете нека бидат од село, а тестото полнозрнесто, а зеленчукот и овојшето строго сезонски. На тој начин телото полесно преработува, а метаболизмот се убрзува. Крајниот ефект е побрзо исфрлање на токсините.

2. Елиминирајте ги тригер факторите

Тука зборуваме за кофеинот, шеќерот, глутенот. Овие тригер фактори може да го закочат тркалото на метаболизмот, да ги пореметат нормалните процеси во организмот, а со тек на време и да ве направат до некаде зависни од нив. А зарем не е подобро да бидете зависни од овошје и зеленчук, наместо кафе и шеќер?!

3. Вода!

Колку пати сте заборавиле да пиете вода? Шишето до вас и поставете си доза од две литар и половински шишиња дневно. На крај ако ви е било каков проблем, можете да пробате со истата количина чај или да и дадете вкус на водата за пиење, на пример со неколку капки лимон. Битно е да се хидратирате, особено во овие жешки денови.

4. Сон во квантитет и со квалитет

Битно е колку и како спиете. Кога вие ќе си средите по дома, ќе вратите се на свое место и ќе го исфрлите губрето од домот, така и телото го средува органзимот за време на спиењето. Подобрете го сонот со малку лаванда во спалната соба, ќе се чувствувате како нови.

5. Вежбајте споро јадење

Никогаш не седнувајте прегладни на маса. Прво ризикувате да се прејадете, второ на телото му правите преголем стрес. Затоа јадете повеќе пати на ден, не грицкајте непотребни калории помеѓу оброците и јадете споро. Дозволете му на желудникот да има време да испрати сигнал до мозокот кога е доста.

6. Збогум на стресот

Секако дека не е лесно да се изборите со стресот кој некако станува секојдневие во нашите животи. Меѓутоа гледајте повеќе позитивно на работите, бројте до 10 и дишете длабоко. Почнете да ја канализирате енергијата, почнете со вежбање или некоја друга активност која ќе ве направи задоволни. Направете го ова не само за здравјето на телото, туку и за здравје на духот и секогаш смејте се.