Академија Пандев со успех на Брашов Куп 2013

Оваа година учествувавме по втор пат на 5-от Брашов Јуниор Куп кој се одржа во Брашов, Романија од 10-14 овој месец.

На турнирот учество пријавија 192 екипи од Србија, Молдавија, Бугарија, Украина, Македонија и нормално Романија. Екипите беа поделени во категории од 2004 ген. до 1997 ген. Академија Пандев учествуваше со 54 деца во три генерации (97, 99, 01). Генерацијата 1997 го освои 3-то место на турнирот, а истата генерација минатата година го освои турнирот во нивната конкуренција. Во полуфинаето несреќно изгубија на пенали од Јувентус Букурешт.

Во борбата за трето место победивме 6:1 над Луцафарул Браилиа од Романија.

Најдобар стрелец на турнирот беше нашиот играч Валентин Кочоски со 9 постигнати голови.Генерациите 1999 го освои 12 место од 22 екипи, а генерацијата 2001 го освои 9 место од 20 екипи.


Автор

Jugoslav Trencovski

Струмица

Македонија