Согоруваме масти со јадење масти

Да, звучи како некој оксиморон, сепак за сите новајлии, мастите се есенцијални за живот, а според поновите истражувања и есенцијални за симнување на уште некој сантиметар од колоковите.

Пред некое време лудилото наречено „нискомаслено” или „безмаслено” се прошири во нутри-свестените кругови и секој производ тагиран како таков беше прогласен за здрав, а еве сме во свет на епидемија, со вишок килограми и незадоволни од изгледот.

Не е научна фантастика, за не заклучиме дека исфрлувањето на мастите до крајности од секојдневието всушност го влошило проблемот. Имено нашите главни актери долго време неправедно и единствени со обвинението за за дебелеење, имаат и посебен однос со сетилото за вкус, па дури и добиваат статус на шесто сетило.

За вкусот да биде повторно привлечен, а храната да биде тагната како нискомаслена, производителите удираат на сол и шеќери, па ако ја направиме калкулацијата добиваме производ – калориска бомба или дигач на крвен притисок до плафон.

Сепак пред да се стрчате кон порција помфрит со мајонез или пилешки прсти, мора да ставиме едно големо стоп. Зборуваме за консумација на квалитетни масти, моно или полинезаситени масни киселини, кои докажано го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол и ве држат подолго време сити и подалеку од дополнителни дози калории.

Здравите масни киселини кои ќе ги примите од авокадото, рибата, јатките, маслинките, пакуваат повеќе калории по грам за разлика од другите есенцијали – протеините и јаглехидратите. Овие калории може да се сфатат како гориво за метаболизмот, за да се одвезете до саканата дестинција мора да го натанкате автомобилот, нели?

Е сега каде помагаат мастите од исхраната во слекување на мастите од струкот? Всушност мастите на струкот можеме да ги наречеме „стари” масти. Со доаѓањето на новите „млади” масти, во црниот дроб се откочуваат реакции на преработка на „старите масти” и збогување со истите, според истражувачите од Washington University, St. Louis.

Целиот процес се должи на стимулација на црниот дроб од страна на нововнесените масни киселини и започнува разградба на веќе постоечките залихи на масти. Значи ставивте гориво (новите масти), кое автомобилот (црниот дроб) го потроши за да се одвезете (при што ги стопивте старите масти) и дојдовте на море (со потенка линија).

Освен тоа заклучивме и дека храната која соджи масти е повкусна, па можете да имате ефективна и вкусна диета, која е и здрава ако примате и масни соединенија. Но, квалитетот секогаш на прво место и одберете висококвалитетен извор на масти како некој од погоре наведените, запазете го правилото на палец и бидете насмеани.