Плава и здрава

Во ред е и како мармалад, но дајте додека се свежи. Има зошто.

Боровинките си имаат сериозна конкуренција

Според поновите истражувања една слива со средна големина има приближно исто количество на антиоксиданси со една рака боровинки, а споредете им ја цената и споредете ја колчината што всушност ја изедувате во еден оброк. Сливата победи така?!

Лушпата е задолжителна

Во лушпата се сместени најголемиот број од фитохемикалиите кои сливата ја прават неверојатно здрава и потентна антиоксидациска бомба. Без разлика која боја на слива ќе ја одберете таа ќе изобилува со фитонутрициенси, а нивната количина се зголемува со зреењето. Колку позрела, толку попотентна.

Овошје за жени од повеќе аспекти

Имено доколку јадете сливи, свежи или сушени, за време на менопаузата, се намалува ризикот од губење на коскена супстанца и појава на остеопороза велат научниците од универзитетот во Флорида.

И да не заборавиме

Можеби последно, но никако помалку битно. Ова е првото овошје што ни паѓа на памет кога имаме проблеми со опстипација и тоа сосема со право. Сливата е природен лаксатив како во сушена така и во свежа форма. Ова може да биде и пожелно, но и зафркнато ако претерате со овие вкусни доцно-летни плодови.