Кондиционен тренинг со Unbreakables Fcc

Еден од стандардните кондициски тренинзи на Unbreakables Fcc водени од Тони Богдановски.

Во овој видео запис се опфатени вежби за координација, сила, брзинска издржливост зголемување на VO2 max, подобрување на личните перформанси, нормално и за слабеење и затегнување кај рекреативците.

Здравото тело предизвикува соодветно функционирање на секое поле во вашиот живот, а вежбањето прави тој да биде многу поисполнет и повозбудлив.

Верувам дека нашата работа е да им помогнеме на луѓето со потикнување на нивниот огромен потенцијал кои несвесно во себе сите го носиме и да им помогнеме да постигнат позитивни резултати и цели од многу аспекти во животот.