Запре Возот, Заглави Автобусот, Жолти Маички / Трофеј Илинден 2013 - Ала Тур де Франс

Друмски Велосипедизам Трофеј Илинден 2013

Возот на релација Скопје – Куманово, запрен за времетраење од половина час, во завршницата само на 3-4 минути пред цел на најбрзите,  двоспратниот градски автобус на релација Илинден-Скопје. 

Застана пред рампата – не го собираше да помине, брза рекација на полицијата се врати наназад неко 50 метра и се паркира, за да го пропушти финишот на најбрзите. Бебедноста на велосипедистите пред се ја истакана оваа трка да биде пример како треба, а може и кај нас.

Несекојдневни случувања на трката во друсмки велосипедизам – Трофеј Илинден 2013. Во саботата на 27.07.2013 во организација општина Илинден – Скопје, ВФМ и Велосипедскиот Клуб Водно од Скопје се одржа Илинденскиот Трофеј во склоп на традиционлниот спортски викенд ”НИЕ НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИА” што ја организира општина Илинден по повод престојниот празник Илинден.

Сабота ден за велосипедизам, со почеток во 15:00 стартуваа масовен број од преку 120 рекреативци, деца на возраст од 5 до 15 години жители на општината, облечени сите во маичка од настанот се впуштија во градската трка со должина од 12км низ улиците на општината. За победници беа прогласени сите кои успеаа да ја извозат патеката.              

Кружната патеката за лиценцираните велосипедисти, ја опфаќа пошироката територијата на општината во должина од 25км. Според категории: Жените, Мастерсите и Кадетите имаа за цел да извозат два круга, Јуниорите три круга и Елит Сениорите вкупно четири круга. Со старт во 16:00 часот Градоначалникот Г-дин Жика Стојановски го означи почетокот на трката. Високите температури не беа никаква пречка за големото ривалство помеѓу меѓусебната конкуренцијата, кој ќе биде најбрз.

Патеката опфаќа неколку села и населени места во општината, голем број на пропратни регионални и колски патишта како и железничката пруга. Сепак бебзедноста во сообраќајот за велосипедистите беше зачудувачка за сите учесници. Одличната координација помеѓу полицијата и редарите од општината, цели три часа повеќе од одлично се справуваа со месното население, па дури и возот на релација Скопје – Куманово беше задржан за времетраење од половина час.

Во завршницата на последните 10 минути, двоспратниот градски автобус на релација Илинден-Скопје, застана пред рампата – портата која го означуваше стартот и целта, беше превисок за да помине, а немаше доволно време за да се помести рампата. По налог од полицијата се врати наназад неко 50 метра и се паркира на паркингот од спортската сала, за да го пропушти финишот на најбрзите. Несекојдневни момент кои повеќе од пријатно не изненадија, слично како на годинешнава трка Тур де Франс но за жал таму возот ја подели водечката група, па велосипедистите го чекаа него да помине, а кога заглави автобусот пред рамптата ја променија целта, во последен момент организаторите успеја да го проминат под рампата, па велосипедистите беа информирани дека целта е на старото место. Со ваква организација општината и полицијата покажа дека ако се сака, може се да се направи за безбедноста на натпреварувачите.

      Церемонијата за прогласување ја започна Градоначалникот Г-дин Жика Стојановски, со изненадувањето како што долукува на Тур де Франс и Џиро ди Италија. Велосипедска Жолта маичка за најбрзите – сон на секој велосипедист, посебно подготвени за оваа манифестација со слоганот и логото од општината, следеше доделување на медалите, пехарот – Трофејот Илинден, дипломите и пликото со назнака за парична награда, и за крај повторно првопласираните на пиедестал со шампањ во рака да ја прослават победеата со прскање во публиката.
      Со ваква богата програма и голем награден фонд, Градоначаникот на општина Илинден треба да им биде пример на останатите Градоначалници во Македoнија, како треба да се негува младата популација за основен напредок на општината.

     Екодром на трката пријави само двајца натпреварувачи Новица Велјаноски во категорија Кадети и Јован Јованоски во Јуниори. И двајцата ја истакнаа својата подготвеност во друмскиот велосипедизам, Јованоски недостижен со 2’45” мин. предносот пред конкурентот Никола Ѓукич од Вело-М. Големо изненадување и напредок во оваа дисциплина покажа Велјаноски одбранувајќи го третото место со разлика од 9 минути пред конкурентот Денис Колевски исто така од Вело-М, Куманово.

Ранкингот на најуспешните на пиедесталот според категории и време:

Елит – Сениори

1-во Зоран Ристевски – Вело М, Куманово 2:42:27
2-ро Стефан Петревски – Вело М, Куманово 2:44:09
3-то Даниел Јаковлески – Енерџи, Скопје 2:47:42

Јуниори

1-во Јован Јованоски – Екодром, Охрид 2:04:51
2-ро Никола Ѓукич – Вело М, Куманово 2:07:21
3-то Димитар Велков – Енерџи, Скопје 2:13:06

Кадети

1-во Кристијан Николов – МВК, Велес 1:23:38
2-ро Драган Цветков – МВК, Велес 1:23:38
3-то Новица Велјаноски – Екодром, Охрид 1:28:37

Мастерс

1-во Стојанче Колевски – Водно, Скопје 1:23:42
2-ро Александар Гарача – Мадалбал, Скопје 1:25:57
3-то Бојче Јорданоски – Водно, Скопје 1:27:40

Жени

1-во Росица Косева – Мадалбал,Скопје 1:40:45

 ВелоВелесо  Александар Јованоски ЕкоДром Охрид