Хумусот на Зохан

За да ја вкусите источната кујна, а истовремено да примите една добра доза на протеини и диетални влакна, посегнете по овој лесен за подготвка намаз.

 
  • 400г наут (околу 200 сув наут, нараснува речиси дупло)
  • 80 мл таан (ние користевме интегрален)
  • 3-4 чешниња лук
  • сок од половина лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • прстофат ким и сол
 

Подготовка

1. Постапката започнува во зависност од тоа дали користите конзервиран или сув наут. Сувите зрна треба да ги оставите да киснат во вода преку ноќ и потоа да ги варите на тивко околу еден час. Конзервираните се спремни за употреба. Сочувајте малку од течноста ако е потребно разредување.

2. За да добиете мазен намаз најдобро би било да ги излупите зрната. По варењето секое зрно притиснете го помеѓу прстите и лушпата се издвојува за момент. Овој чекор не е задолжителен.

3. Во блендер искомбинирајте ги сите состојки. Блендирајте околу една минута, промешајте и испробајте. Продолжете со блендирање додека не се соединат сите состојки во една убава фина смеса, со кремаста конзистенција. По потреба додадете од водата која ја сочувавте по варењето.

4. Искомбинирајте со фалафел или во сендвич. Секако е превкусен.