Вистинскиот лик позади маската на Спајдермен

Скејт нинџата сериозно напаѓа на повеќе полиња! Везе на скејт, се пентари по згради, прави салто од каде стигне, а и сите работи заедно. Од далеку се гледа дека ја практикува филозофијата ”Да бидеш добар во нешто е талент. Да бидеш брилијантен во нешто е опсесија. Никогаш не очекувајте брилијантност без опсесија!”

Вилијам Спенсер е дечкото од Денвер кој го освои светот со својот талент што го усовршува до брилијантност! И тоа не се задржува на една дисциплина или спорт туку комбинира скејт, паркур, freerunning и Wado-kai карате за да изведе нешто досега невидено и уникатно.

Светска популарност стекна на 20 години преку Јутуб, кога скејт видеото “Hollarado” постигна милионска гледаност. Понатаму за Вилијам следеа многу проекти меѓу кои и филмски отварувања како дублер во ”The Amazing Spider-Man”, ”Project X”, ”Jonah Hex”, ”CSI: NY” и ”The Kids Are All Right”.

 

Има соработувано со Ричи Џексон, ”The Berrics” и ”Substance Over Hype” на видеа кои исто така стекнаа огромна популарност (видеото со Берикс можете да го погледнете погоре).

Кул типче за кое имагинацијата и упорноста се број 1, нешта со  помош на кои може бескрајно да смислува нови сценарија, изведби и комбинации без притоа да му стане досадно.

Испиративен, насмеан и опасен во акција, Вилијам е икона во скејт светот по својата уникатност, а доколку сакате да прочитате нешто повеќе за него, еве и негово интервју од скејтборд About.com.

Сепак мислиме дека видеата и сликите кажуваат многу повеќе…