Тренинг за грб со Гоце Мојсоски

Видео претставување на основните елементи и типови на вежби кои се есенцијални за развивање на грбната мускулатура со помош на справи и тегови.

Грбот е голема мускулна партија која што мора да се работи со поголеми тежини за постигнување на подобри резултати и развивање. Оние луѓе кои имаат генетски послаб грб, пожелно е тренингот да го работат два пати неделно и тоа еден лесен тренинг а другиот максимален, до отказ. Паузата помеѓу тренинзите треба да биде минимум три дена.

Следува редоследот на вежбите од видеото

  • Влечење на горен лат зад глава – 4 серии, од по 10-12 повторувања
  • Влечење на горен лат напред, према гради – 4 серии, од по 10-12 повторувања
  • Влечење на долен лат од напред према стомак – 4 серии, од по 10-12 повторувања
  • Подигање на еднорачен тег од долу према надколеница (влечење со грб) – 4 серии, од по 10-12 повторувања
  • Подигање на права шипка во полунаведната положба – 4 серии од по 10-12 повторувања

Автор

Goce Mojsoski

Охрид

Македонија