ЊАМ, ЊАМ

Здраво, вкусно, креативно

Навики на здрава исхрана – Што порано, подобро!

Истражувањата се повторуваат во нивните резултати, а тие се: доколку децата вклучувајќи ги и тинејџерите навремено прифатат и стекнат навики на здрава искрана, истите ќе ги применуваат и кога стануваат возрасни личности.

Во таа насока еве еден пример за тоа како на креативен начин да ги мотивирате најмалите да посегнат по здрава храна. Под креативност во овој случај се подразбира не само вкусот на храната туку нешто што секогаш игра клучна улога и тоа не само кај децата туку и кај нас возрасните, а тоа е бојата и изгледот на храната.

Следната ужина или појадок е мошне едноставен, ќе ви биде потребно малку време, а сепак ќе ви биде забавно. Јогуртот и киселото млеко не се само појадок. Овие вкусни млечни производи се одличен извор на протеини и калциум. Згора на сè, фактот што имаат неутрален вкус овозможува нивна сестрана примена: во сосоови, како ужина, во салати… Значи постојат низа варијанти кои може да ги уживаат најмладите но и целото семејство.

Подготовка

 
  • обичен јогурт или кисело млеко
  • 3 или повеќе видови на овошје (по можност да бидат со различна боја): јаболко, кајсија, малина, јагода, кива.
 

1. Овошјето исецкајте го на мали парченца и ставете го во посебни мали садови.

2. Во една поголема зделичка ставете една шолја јогурт или кисело млеко и дозволете му на вашето дете самото да си одбере од исецканото овошје и да си искреира појадок.