Розе смути задоволство

Летото изобилува со овошје, а фаворит за разладување се разбира дека е лубеницата! Може да се искористи во многу комбинации, а ние ја смисливме оваа… супер освежителна и хранлива.
Подготовка
1. Лубеницата се сецка на помали парчиња и се чисти од семките. Рибизлите се чистат од дршките.
2. Се ставаат сите продукти во блендер и се пасираат додека да се добие хомогена смеса.
3. На крај се попрскува со малку од останатото чиа семе и се украсува со мента.
Уживајте во освежителниот летен напиток!