Младо друштво на велосипед

Како најмалите да добијат добра доза забава на отворено, а мама и тато да си останат активни родители. Во продолжение следуваат неколку решенија за остварување на оваа желба.

 

Zigo Leader

Со овој производ добивате велосипед со три тркала, така што детето е сместено во предниот дел „Child Pod”, а наменет е за родителите кои не се чувствуваат удобно со приколки, кога детето не им е во видик. Доволно да ѕирнете надолу и да го видите вашето најмило како ужива во возењето. Zigo Leader-от можете да се трансформира и во количка за џогирање (ако не ви се врти на педала) и повеќебрзински велосипед, ако малиот решил да спие дома. Линк

 

Topeak BabySeat

Со најдолем влог во безбедноста, овој производ претставува „кокона” за дете на росителскиот велосипед. Појасот се заклучува во 6 точки, а додатно има и рачка за екстра безбедност. Стапалата се семестени во соодветни простори, изолирани од тркалото, а целото седиште е ектендирано над главата за заштита и обложено со мек материјал за комфорт. Линк 

 

Chariot SideCarrier

Исто како страничните приколки за мотор, само се придвижува на потта од мама или тато, наместо бензин. Детето лесно можете да го проверите дали е задоволно или не, а и поврзувањето е прилично добро изведено за да кривините ги фаќате без проблем. Chariot SideCarrier има и заштитно странично платно за каливи терени или дождливи денови. Линк

 

Adams Trail-A-Bikes

Перфектно за постари деца, кои се на пат да научат балансирање и вртење на педала. Овој модел се прикачува на велосипедот на возрасните, а малиот може врти на педалата и „да помага” во возењето, а и не мора. Adams Trail-A-Bikes Original Folder има само една брзина и челична кука која се поврзува за дршката на седиштето, а и додаток заштитник за ланецот, па маслото нема да заврши на фармерките од вашето дете. Линк

 

iBert safe-T-seat

Ова уникатно седиште е софистицирана верзија на тоа како ние се возевме на гидан како деца. Детето всушност се наоѓа меѓу рацете на родителот, а седиштето е прицврстено на гиданот, па така тежината паѓа некаде во средината на велосипедот, што може да биде погодно за стабилноста и контролата. Единствена мана е можноста да го удрите iBert-от со коленото. Линк

 

Приколки

Голем број на компании се имаат нафатено со изработка на приколки за вашите најмали. Можете да најдете најразлични модели, од најразлични материјали и со разновидни цени. На пример Schwinn Trailblazer Bicycle Trailer е изработена од алуминиуска рамка и две 20 инчни тркала, а чини околу 200 долари. На другата страна приколката на Burley Honey Bee со УВ заштита и карбонски тркала со цена од околу 400 долари.