Малиот цвет со големите моќи

Многу фолклор и многу љубов. И додека некои жени во средниот век гореле на клада бидејќи ги опивале мажите со мирисот на лаванда, денес мажите треба да се им се заблагодарат на оние кои тоа им го приредуваат.

Оваа билка и нејзиниот мирис се добро познати, а нивната способност да се справат со несоницата, денес веќе и научно докажана. Имено лавандата има способност да ја успори активност на нервниот систем и да делува врз сонот така што ја продолжува онаа бавнобранова фаза, за која се смета дека е одговорна за средување на податоците и меморијата. Чувството после сонот потпомогнат од овој мирис е попријатно, посвежо и поенергично.

Уште едно ура за ароматерапијата. Седативниот ефект на лавандата што го подобрува сонот е исто така препорачлив и за смирување и релаксација при напад на нервоза или анксиозност.

Билката има и антисептичко дејство, па се препорачува како природен антисепитик за рани и повреди. Не само што ја зголемува регенерацијата на клетките, туку и ја намалува последичната лузна. Од другите кожни проблеми се покажала како ефективна и за акни, изгореници, егземи, себореа.

Лавандата има смирувачки ефект и врз слузницата од дигестивниот тракт, а стимулира и секреција на жолчка. Така организмот полесно ги дигестира масните соединенија, а исто помага и во ослободување од гасови и опстипација.

Пуштете ја имагинацијата да проработи и вклучете ја свежата лаванда во следниот оброк, не само како убав декор за око, туку и како зачин за јадење, за ваш внатрешен мир и релаксација.