Смути епизода со кајсии и бобинки

Во сезоната на многу овошки и зеленчук, особено во пикот на кајсии и дел од бобинестото овошје, смативме едно смути за здравјето да пука во позитива!
- (доза за 2 големи или 3 мали чаши)
- грст зрели кајсии
- чинија крупна боровинка
- чинија малини
- неколку бадеми
- неколку семки какао
- 2-3 урми
- 2 банани
- 1 лажица чиа семе
- свежа мента
- малку корен од ѓумбир (може и мелен)
- мала китка зеленолисест зеленчук (кељ, блитва, спанаќ или нешто слично на нив)
- грст шумски јагоди (ни се најдоа од шар планина)
Подготовка
1. Сите продукти (освен малку мента, чиа и шумски јагоди за декорација) се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.
2. Добивате лесно, хранливо и вкусно смути за квалитетен почеток на денот.