Штракнете неколку калории

Неколку мали, ама вкусни замени, на продукти кои ги консумирате секојдневно за да го намалите калорискиот внес, без да се чувствувате како да сте на диета.

Утринскиот омлет наместо со шунка и кашкавал, искомбинирајте го со домати, свеж босилек и малку младо сирење. Ем ќе си добиете здрав протеински појадок, ем ќе ги скратите безпотребните калории од шунката и кашкавалот.

Наместо полна чинија со мусли да ја потопите со малку млеко, полна чинија со нискомаслена павлака искомбинирајте со малку мусли. На овој начин ќе намалите на калориите од муслите, а сепак заради павлаката ќе се чувствувате најадени.

 

Наместо лепче од бело брашно намачкано со мармалад и маргарин, одберете лепче од ‘ржено брашно, путер од кикиритки и свежо овошје за плус витамини и минус 100 калории. Бирајте полнозрнести продукти секогаш кога сте во можност и почнете да се збогувате со маргаринот еднаш засекогаш.

 

Немаме ништо против цедениот портокал. Но ако постои избор, целото овошје води заради големата содржина на диетални влакна со кои се збогувате ако го пиете во цедена форма. Башка фабричките сокови речиси секогаш содржат екстра калории заради шеќерот кој им се додава.

 

Наместо масни крекери, како грицкалчиња за пред телевизор одберете зелено јаболко. Заштедувате многу калории, а и го намалувате внесот на сол.

 

Ретко кој од пивопијачите брои калории кога станува збор за нивниот омилен пијалок, но за желбата за пиво да биде задоволена, а сепак да скратите 100тина калории наместо две кригли светло, одберете една кригла темно пиво. И нека ви е на здравје

 

Ако сте фан на сендвичи, за да заштедите некоја калорија, парчињата леб заменете ги со тортиља. Внатре наполнете со мастрав по ваш вкус. Сепак веќе ги скративте калориите од лепчето