Во кајак на 12 растура водопади и конкуренција

Саџ Донели можеби наизглед не ви делува како сериозна конкуренција, бидејќи таа е само нормално нежно девојче… сè додека не влезе во кајакот низ брзаци и водопади, каде се носи рамо до рамо со возрасните професионалци…

Таа е една од феномените заедно со врсникот Хенри Хајд кои се натпреваруваа на GoPro планинските игри (GoPro Mountain Games) од 6-9 јуни годинава со сите останати возрасни професионалци.

Нивната цел не е само да земат учество во натпреварот, туку и можност плус за да се качат на подиумот, каде на Саџ и успеа да земе прво место на натпреварот во слободен стил (Kayak Freestyle final results).

Саџ, 12 годишното девојче од Карсон Сити, Невада, докажа дека може да ги предизвикува и возрасните професионалци. Нејзината одлична изведба на фестивалот Рено Ривер (Reno River Festival) освои прво место во повеќе категории (слободен стил, слалом и boatercross) за жени, се разбира. Таа го освои и третото место во downriver SUP.

Нејзиниот татко ја запознава со кајакарството на 2 години кога започнале во тандем кајак, а веќе на 5 годишна возраст добива и свој сопствен. Оттогаш, има набилдано години на соло искуство, а првото национално првенство го освојува на 10 години.

Нејзината мајка Сузан изјавува дека ”Саџ е многу компетитивна девојка, чии аспирации се да се покаже во најдобро светло на Олимписките игри во 2016 година и со таа цел тренира многу напорно. Исто така, добар тактичар е, и многу внимава какви чекори превзема.”

Саџ генерално важи за многу јака и сестрана спортистка. Таа освен што на 5 години се натпреварувала на скијачки натпревари, на 9 години ја има искачено и карпата ”Snake Dike” на Јосемити.