Макало со црвени кисели џанки

Ако не знаете што да правите со сливките во вашиот двор, еве ви одлична сезонска идеја! Еве на пример можете да ги искористите за многу вкусен пинџур…

 
  • 1/2кг црвени недозреани сливи (џанки)
  • 1/2кг пиперки (по желба лути)
  • 100г сецкани ореви
  • 1 главица лук
  • китка магдонос
  • масло
  • крупна морска сол
 

Подготовка

1. Сливите се варат и се одвојуваат од семките на крупно сито за цедење на шпагети.

2. Пиперките се печат, лупат и се сецкаат, а потоа заедно со сливите се мешаат со предходно истолчениот лук и сол.

3. После убавото толчење се посипуваат со ситно сецканите ореви и магдонос.

4. На крај се посипуваат со подгреано масло.