Сезонско смути со праски

Нова епизода на сезонско смути. Праските со количина доминираа во оваа комбинација, но сепак со бојата успеа да преовлада боровинката. Крајниот резултат беше многу вкусно и здраво смути. Вреди да се проба!
- околу 1 кг праски
- мала китка зеленолисест зеленчук (блитва, спанаќ и сл.)
- грст ореви
- 2 банани
- 50-70г боровинки
- 1 лажица гоџи бобинки
- 1 лажица чиа семе
- малку корен од ѓумбир (свеж или во прав)
- 100-200мл вода
- свежа мента
Подготовка
1. Покрупното овошје се сецка на помали парчиња, а потоа сите продукти се ставаат во блендер.
2. Се додава водата и се пасира додека не се добие хомогена смеса.
3. Смутито е готово, уживајте!