Успех на македонските едриличари во Турција

Викендов екипата на ЕК Снегар – Струга зеде учество на престижната меѓународна регата која се одржа во Текирдаг – Турција.

Помеѓу стотината учесници на ова натпреварување, Ердал Лушо се закити со сребрен медал, Златески Златко го освои третото место во младинска конкуренција, додека најмладиот едриличар од нашата држава, тринаесет годишниот Симон Гучески го освои 30то место со што пријатно ја изненади управата на клубот и се етаблира како спортска надеж која допрва ќе се реализира.

Со ова меѓународно учество, ЕК Снегар – Струга ја продолжува активната спортската сезона која покрај организирањето на домашните првенства, постигнува и значителни резултати на меѓународен план. Нареден натпревар од светски калибар на кој нашите едриличари ќе земат учество е светското првенство во Балатон – Унгарија како и националниот куп во Црна Гора. Од управата на клубот се надеваат дека и покрај финансиските потешкотии, ваквото успешно работење ќе продолжи и во иднина со единствена цел, развој на едрењето во Р.Македонија.

Автор

Edrilicarska federacija na Makedonija

Охрид

Македонија