Фабрикуван дијабетес

Хроничното консумирање на шеќерна процесирана храна отклучува цел синџир на реакции во организмот. Она „дека ќе ви се залепи на колковите” станува ирелевантно. Вашето здравје е во прашање.

Една едноставна дефиниција е дека секоја храна спакувана во кутија, кесичка или конзерва е процесирана храна. Меѓутоа ако малку ја прошириме дефиницијата треба да се додаде и дека оваа храна често содржи адитиви, артефициелни бои и вкусови и многу други хемиски состојки. Тука може да ги сместиме сите колачиња, бисквити, крекери, слатки кои содржат и многу шеќери.

Самиот рафиниран шеќер делува инфламаторно на организмот, а кога постојано ќе примите шеќери телото продуцира инсулин во поголеми количини. Постојано големата количина на инсулин во крвотокот може да доведе до појава на метаболички синдром.

Овој метаболички синдром се карактеризира со прекумерна телесна тежина, покачени маснотии во крвта, пораст на артерискиот крвен притисок и сам по себе е доволно опасен за организмот а уште поопасен е фактот дека е вовед во појавата на дијабетес.

Затоа бидете здрави и откачете го процесираното благо, задоволете го „слаткиот заб” со мед, стевија или друг природен супститут на шеќерот и повелете неколку совети за тоа како да го намалите внесот на шеќерите.

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија