Уредна хидратација со овошје и зеленчук

За безгрижно да си ги терате тренинг сесиите на отворено ова лето и да си немате проблем со прегревањето и високите температури еве што би можеле да консумирате покрај водата, за правилна хидратација и електролитен баланс пред и после тренинг.

Проблемот со хидратацијата и дехидратацијата станува особено важен во овие топли денови. Всушнот во периоди кога и онака на телото му е тешко да се справи со топлото време, при изложеност на физичка актвност, едноставно изостанува оној сигнал за жед, што може да доведе до сериозна дехидратација.

Дехидрирање е секоја состојба кога постои загуба на 2% од телесната тежина заради губиток на вода. Пропратно со водата доаѓа и до загуба на електролити. Се покачува телесната температура и доаѓа до забрзување на срцевото отчукување. Евентуално може да дојде и до топлотен удар.

За да можете мирно и хидрирано да го обавите вашиот тренинг без ризик од прегревање, консумирајте редовно вода и изедете нешто од следниве прокукти за супер хидратација и електолитен баланс:

Целер со дури 96% вода, содржи натриум, калиум, магнезиум, калциум, фосфор, железо и цинк

Лубеница, 95% вода и богата со Ц витамин

Зелени пиперки со 92% вода и исто така многу Ц витамин

Краставици, 95% вода, а од минерали е богата со калциум, магнезиум, калиум, и натриум

Јагоди, 92% вода и богати калиум

Диња 90% вода и исто така калиум.