Црвената од виножитото

Од целиот спектар на овошното и зеленчуковото виножито, на пазарче во лето доминира црвеното. Повелете чифт причини да јадете повеќе црвено.

Заживејте го „францускиот парадокс”

Ресвератролот можете да го најдете во грозјето, црвеното вино и некои црвени бобинки. Благодарение на оваа состојка во виното, малите количини од овој пијалок делуваат превентивно врз кардиоваскуларниот систем. Исто така е антиоксиданс, а дури и може превентивно да делува врз појава на канцер. Еве нешто повеќе за французите и нивното здравје.

Стимулирајте релаксација

Едно црвено и луто пиперче во склоп со главното јадење ќе ви даде доволна доза на капсаицин, за да стимулирате лачење на хормони за релаксација на телото. Освен тоа, многу лутите пиперчиња можат термогенезата на организмот да ја дигнат до ниво на кое ќе започне и топење на масти, па можете и да потрошите некоја калорија.

Направете му генералка на организмот

Доматот е вашиот најдобар антиоксиданс за во лето. Содржи големи количини на ликопен кој му помага на организмот да се избори со штетните слободни радикали. Особено битно за мажите е дека токму тој ликопен се смета дека заштитува од рак на простата. Па навалете на храна богата со ликопен за една летна чистка на организмот.

Останатите од виножитото