Полнети slow carb печурки

Подгответе брзо и вкусно slow carb мезе!

 
  • печурки шампињони
  • јајца од Препелица
  • китка магдонос
  • урда
  • маслиново масло
  • морска сол и бибер 
 

Пoдготовка

1. Отстранете ја дршката од печурките.

2. Едната половина од печурката наполнете ја со урда.

3. Во другата половина внимателно скршете јајце од Препелица.

4. Декорирајте со ситно сецкан магдонос.

5. Попрскајте ги печурките со маслиново масло.

6. Наредете ги сите печурки на плотна во која претходно ќе ставите хартија за печење.

7. Ставете им морска сол и бибер.

8. Во претходно загреана рерна печете ги 15мин на 180 степени.