Најудобниот порок на светот

Пред некое време, седењето испадна полоша навика и од цигарите. Денес се смета дека е уште полошо!

Седењето, во било која форма, според сите нови истражувања, искази на научници, доктори и еминенции е наменето да не убие.

Човечкото тело е дизајнирано за одење, и агендата на луѓето долго време била исполнета со таа активност. За жал, не и во последно време. Студиите велат дека во просек, голем дел од работното време на луѓето е поминато во седечка позиција, често пати повеќе и од половина од работните часови.

На жалост, седечките позиции, колку и удобно да ни се чинат, произведуваат сили за кои телото не е изградено да ги прима. Поради ова, седењето е поврзано со дузина на здравствени олоши како слабата циркулација, особено во нозете, отпорност на инсулин, и други сериозни последици по здравјето.

Од друга пак страна, тоа воопшто не согорува енергија што значи и потпомагање на процесот на дебелеење и затворање на круг со здравствено катастрофални карактеристики.

Споредувајќи податоци од огромна група на испитувања се дојде до фрапантни податоци. Споредувани биле луѓе кои поминувале најголем дел од времето во седење, со оние кои целосно биле активни, и испаднало дека првите имале 112% повеќе шанси за дијабетес, 147% за срцеви заболувања, 90% повеќе смртни случаеви од срцеви заболувања и 49% повеќе шанса за смрт од сите овие причинители.

„-Седењето е новото пушење”, вели Ануп Канодиа, доктор од Охајо, кој како доказ тој ги посочува доказите од австралиската студија во 2012 година.

Според таа студија, секој час во седечка состојба скратува 22 минути од животот, за разлика од една цигара која крати 11 минути.