Босите стапала на повисоко ниво

Девојки, спремете се да ги добиете вистинските обувки и да го освоите светот. За сите љубителки на јога и пилатес и за сите гермофоби кои ги практикуваат овие вежби Nike донесоа на пазарот едно многу практично, слатко дизајнерско решение.

Овие Nike Studio Wrap изгледаат прекрасно, а од друга страна го нудат целото искуство на вежбање со боси стопала што е императив кај пилатесот и јогата. Троделниот систем нуди потпора, заштита и поголема хигена.

Еластичната лента (Ribbon) дава соодветна потпора онаму каде што е поставена, над неа доаѓа обвиткувач (Wrap) кој е вашата бариера од нечисти подови и спречува лизгање, а за да уживате уште повеќе, во пакетот добивате и балетанки (Flat) кои само треба да ги навлечете над обвиткувачот и сте спремни да излезете од студиото на улица.