Голферска WC енигма

Бугарите ја имаа таа среќа, токму на шампионатот кој се одржуваше на нивни терени во Каварна, еден од голферите да има блиска средба со локалниот клозет, за време на игра, нормално.

Сега детално објаснувањето, затоа што кај нас голфот не е популарен како и голф тројка: Николас Колсаертс (играчот кој што имаше мака) претера со замавот на 10тата дупка и топчето ја поминува „опасната“ (hazard) линија. 

Според правилата, бидејќи топчето е излетано преку оваа линија, судијата го преместува на местото за „олеснување“ (relief) преку џамот во локалниот клозет. Испаѓа дека сега овој треба да удира од карши шољата. 

Всушност потегот што го направи судијата беше за малку смеа и шала за самите нив и камерите. Бидејќи од таа позиција, објектот што смета на ударот е непомерлив (клозетот или шољата, како сакате), на играчот му се дава можност за дополнително „олеснување“ (free relief) со што може да го пренесе топчето со рака на зелената површина.