Mioki Open 2016 - видео

Меѓународен џудо турнир „Миоки 2016”

На седмото издание на меѓународниот џудо куп „Миоки Опен” кој во саботата (29.10.2016) се одржа во СЦ Јане Сандански настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 Држави. Во прекрасна спортска атмосфера љубителите на овој спорт можеа да уживаат во одличните борби.

Најуспешни екипи по возрасни категории беа прогласени: ЏК Миоки од Скопје кај полетарките, ЏК Пролетер од Прилеп кај полетарците, ЏК Салихли од Турција кај пионерките, ЏК Дрим од Струга кај пионерите, ЏК Анкара од Турција кај кадетките, ЏК Кинезис од Ниш кај кадетите, ЏК Миоки кај сениорките и ЏК Локомотив од Софија кај сениорите.

За Најуспешна странска екипа беше прогласена екипата на ЏК Анкара додека пак најуспешна домашна екипа ЏК Миоки.

Џудистите на џудо клубот Миоки од Скопје освоија вкупно 36 медали од кои 6 златни, 11 сребрени и 19 бронзени со што ЏК Миоки беше прогласен за Севкупен победник на настанот.

Најуспешен натпреварувач беше Хамза Јашари од ЏК Миоки кој освои злато во конкуренција кадети до 60кг и злато во конкуренција сениори до 60кг.

На турнирот настапи и олимпијката Катерина Николоска која освои злато во категоријата до 63кг

Ова беше најмасовниот и најквалитетниот досега одржан џудо настан во Македонија.