Прв танцов семинар за Кизомба

На 13 и 14 јуни, во Скопје се одржа првиот танцов семинар за Кизомба. За сите што не знаат што е Кизомба, тоа е танц кој доаѓа од далечната Ангола која со текот на годините станува еден од најпoпуларните танци низ светот.

https://youtu.be/O-NrYq5w_AA width:635

Причината за нејзиното брзо распространувње е ритамот на Кизомба музиката и начинот на танцување. Кизомбата е едноставен танц кој може секој да го практикува. Се игра во пар, а за да може да се ужива во овој танц и да се применува потребно е да научите како да му верувате на партнерот и да се препуштите во целост на музиката, да можете да се чувствувате со партнерот за да лесно може да се водите и следите. Ако успеете да го постигнете тоа, другото се се сведува на комбинации на едноставно чекорење.

Ова е дел од неколкуте работи кои гуруто за Кизомба Нелсон Кампош специјално од Лондон одвои време да дојде во Скопје и да ни ги разоткрие и подобјасни тајните за овој танц. За целата приказна да биде комплетна дојде и Мартина Лаветич од Белград како негова партнерка. Организатори на настанот беа Катерина Стојковска од танцовиот клуб Каденс и Нина Лековска и Димитар Мишев од танцовиот клуб Сонриса.

Овие два клуба по танцова линија се договорија на соработка и успеаа да направат уште еден необичен викенд кој ќе остане запомнат. Во прилог ви даваме две видеа од Нелсон Кампош и неговата партнерка Мартина Леватич како танцуваат Кизомба, нека бидат мотивација за на наредниот ваков настан да бидете и вие дел од него….