Екстремен водич за авантури во дивината. Препорачуваме!

Преживување во дивината од Беар Грилс

Доколку копнеете за авантура, а не сте баш сигурни како да ја пронајдете… доколку сакате да спиете во шатор под ведро небо и да ја искусите чудесната природа… тогаш ви ја препорачуваме оваа книга!

Многу од нас поминале доста време шетајќи во природа, планинарејќи, скијајќи и слично. Но како би можеле да го искористиме нашето време на отворено до максимум ќе ни каже Беар Грилс, еден од најбестрашните авантуристи на денешницата кој го споделува своето искуство добиено од најектремните места кои ги посетил. 

Без разлика дали сте планинар кој сака да го надогради качувањето од вештачки карпи на вистински карпи или сте само викендашки кампер кој бара малку повеќе авантура, оваа книга (оригиналниот назив е “Great Outdoor Adventures by Bear Grylls”) е за Вас!