Атрактивност, динамика и брзина – 3х3 баскет разговор со Драган Караџовски

Веќе трета сезона македонската публика и страсните баскет натпреварувачи имаат можност да учествуваат и присуствуваат на официјални ФИБА 3х3 баскет натпревари во некои од градовите ширум нашата држава. Еден од главните виновници за носење и популаризација на овој тип на улична кошарка кај нас е Драган Караџовски и здружението “3×3 Basketball” Македонија кои во 2017 година за прв пат го носат овој формат кај нас. Нешто повеќе за 3х3 баскетот и овогодинешните планови можете да прочитате во краткото интервју со Драган.

ФИБА 3х3 Баскет – како дојде до идејата за организација на ваков тип на турнири во нашата дражва?

Идејата да организирам баскет турнир ја имав многу оддамна, уште од порано сакав  да организирам класични баскет турнир како што го игравме во маало. Потоа се појави ФИБА 3х3, па по изгледани неколку тирнири на интернет и неколку во живо во 2017 се одлучив да го направам првиот ФИБА 3х3 турнир во Македонија со ФИБА 3х3 правилата. Иако малку бев скептик како ќе се снајдат нашите баскетџии, тој помина одлично. Еве веќе тераме трета усепешна сезона.

Динамика, брзина, атрактивност – кои сè разлики ги 3х3 баскет во однос на класичната кошарка?

3х3 баскетот има многу разлики од кошарката. Прво самата локација, сите 3х3 турнири се организираат надвор на отворено на атрактивни и фреквенти локации. Различна е големината и тежината на топката, нападот траее 12 секунди што ја прави уште поатрактивна и побрза играта. Се игра до 21 или кој има најмногу коша дадено за 10 минути.

Публиката останаува по неколку часа без да им биде досадно 🙂 Покрај официјалните натпревари за време на настаните има и доста анимација за публиката, како натпревари во шутирање на тројки, Steph Curry Challenge (шут од крајот на теренот), натпревар во забивање (Dunk Contest), натпревар во тројки (3 point Shoot contest) и многу други натпревари.

Koj сè може да учествува во овие турнири и како може да се пријават екипите?

На натпреварите од лигата учествуваат само македонски екипи. Но на Satellite тунрнирот кој го организираме на 08-09 Јуни во трговскиот центар Skopje City Mall, кој воедно е дел од 3×3 World Tour-от може да се пријават екипи од цел свет. Покрај паричната награда, победникот добива slot да се натпреварува на Challenger турнирот во Poiters Франција.

Каде се ќе се одржуваат турнирите во 2019 година?

Оваа година ќе имаме турнири во повеќе градови. Почнуваме со Satellite турнирот во Skopje City Mall потоа 3х3 караванот се село во Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Кавадарци и како и 3та година по ред ќе завршиме со спектакуларен турнир во плоштадот на Скопје.

Кратка порака до сите активни љубители на уличниот баскет…

Тренирајте, играјте баскет и пријавувајте се на нашите турнири можеби вие ќе бидете следните 3х3 шампиони!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија