Утре започнува првиот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!

Викендов започнува долгоочекуваниот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”, во организација на Моментум Инк. Фестивалот, кој по својата природа е единствен во околината, ќе не однесе во една поинаква реалност – далеку позабавна и повкусна од нашето секојдневие!

Официјалниот почеток на настанот е закажан во сабота, од 11.00ч, а веќе во 12.00ч ќе ги проследиме Nu House & Friends со нивната интерактивна вкусна работилница. Во текот на денот преку пикник ќе ја проследиме магијата на готвачот Cooking with Branko, а веднаш потоа Bonita Vita ќе ни ги презентираат нивните вкусни органски намази! Убавите нешта, уникатноста и возбудата се она што фестивалот го слави, па така ќе имаме можност да погледнеме како се креираат уникатните букети што се јадат на Букет среќа, ќе чуеме долго чувани тајни и научиме корисни совети со Се’ за храна, а ќе отвориме нови перспективи преку презентацијата на Готвиме со Теа која ќе креира Цезар салата од еден поинаков агол!

Од 18.00ч, површините на паркот ќе ги претвориме во подиум – ќе танцуваме и ќе се забавуваме со нашиот DJ Boogieman.

Ни неделата нема да е помалку возбудлива: Zaum Organic ќе ги донесат своите органски путери од лешник, а веднаш после нив следни вистинска слатка бомба од вкусови – Donutbar Skopje ќе не внесат во нивната кујна и ќе не научат како да припремиме највкусни крофни! Неделното попладне ќе биде збогатено со уникатните вкусови на брендот Леска на Пеце Клечкаровски, по чиј настап ќе следни и кратка дегустација. Slow Food Vodno ќе ни презентираат гастрономска култура инспирирана од традицијата, Тазе пуканки ќе создадат филмска атмосфера со нивните пуканки, а на крајот Нутриционист Консалтинг ќе не подучат на тема исхрана со својата презентација “Македонската кујна некогаш и сега”.

Запознајте се со учесниците на фестивалот на официјалната Facebook страна, и секако, следете го официјалниот настан за дополнителни информации и изненадувања.

Се гледаме овој викенд… а до тогаш, останете гладни!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија