Македонија оди на Европско во футсал

Наредниот месец од 24 до 31 јули во Босна и Херцеговина ќе се одржи овогодинешното издание на „ДиаЕуро” – Европско футсал првенство за лица со дијабетес. На турнирот ќе учествуваат 16 европски држави, а за нашата репрезентација ова ќе биде прво претставување. Знаејќи ја важноста на спортувањето и физичката активност во регулирањето на дијабетесот решивме да се состанеме и да направиме мал прилог со тимот, а воедно и со здружението на лица со дијабетес „Алегрија” кое е доста активно на ова поле. 

Нашиот тим ја дава целосната поддршка на екипата и очекуваме да бидеме претставени во одлично светло. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија