Предизвикот без кофа вода

Затоа што работава со кофата студена вода ескалираше на глобално ниво, ние се обидовме да направиме наша верзија со уникатни предизвици.

Предизвикани сте сите:

1. Да заштедите малку вода и предизвиков да го правите на некој од нашите прекрасни водопади. Ние го избравме Смоларскиот, а имате еден куп други убавини низ Македонија кои може да ви послужат како извор на многу студена вода. 

2. Бидете хумани на повеќе различни полиња, а не само на оние кои се актуелни затоа што хуманоста е потребна секогаш и секаде, па дури и во вашата татковина.

3. Донирајте барем малку и во вашето здравје!

Спортувајте и бидете активни. Трчајте, планинарете, играјте пинг-понг, бадминтон или што и да е, викнете го другарчето за на базен и предизвикајте го маалскиот тим во серва. Играјте оро, фрлете се во морето од некоја карпа и бутнете се под Смоларскиот или било кој студен водопад за вашето здравје, зашто тоа е изворот на здравјето на целата популација.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија