Тренирајте ги вашите слабости

Секој спортист кој се концентрира на еден спорт најверојатно повеќе развива одреден аспек од телото на сметка на друг. Нееднаквоста, односно слабоста во одредените регии често знаат да водат до повреди. Решение: вежбајте ги „Ахиловите пети“.

Маратонците немаат гајле да трчаат огромни дистанци, но ако треба да се направи спринт, често се многу слаби во тоа бидејќи ги немаат тренирано мускулните влакна (тип II) кои се важни за кратки, но брзи и моќни истрчувања.

Скоро секој спортист има некоја слаба точка. Зајакнете ги овие точки бидејќи „Балансираното тело е еднакво на истрајност.“


Трчање

Проблем: Маратонците имаат добра издржливост, но малку снага.

Решение: Додадете експлозивни вежби како чучњеви и исчекори во вежбите.

Предлог вежби: 
Два пати неделно, четири серии по 20 повторувања


Велосипедизам

Проблем: Велосипедистите не се навикнати да тренираат во повеќе од една рамнина, па затоа имаат слаба горна мускулатура (труп).

Решение: Внесете вежби со скокови и еднорачни тегови.

Предлог вежби:
Два пати неделно, четири серии по минимум од 10 повторувања.  

 


Скијање

Проблем: Преголеми квадрицепси.

Решение: Избалансирајте ги нозете со таргетирани вежби за задната ложа.

Предлог вежби:
Два пати неделно, четири серии по 25 повторувања на една нога.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија