Спининг сесија и нешто повеќе во Sport Inn

Ни дојде желба за малку квалитетна индор педала, па со причина на место, отидовме тука…

Sport Inn претставува првото и единствено место во Македонија кое што ја нуди оригиналната Спининг програма која се работи на оригиналните Спининг велосипеди и е водена од неколку млади и секогаш одлично расположени сертифицирани Спининг инструктори. Одлична можност за било кој од вас да се соочи со квалитетна кардио сесија во пријатно опкружување и супер атмосфера.

Секое спининг искуство е комплетно следено со MyZone, трекер за физичка активност така што ќе бидете во можност комплетно да ги следите вашите параметри, а воедно и да се споредиш со сите останати партнери кои вртат карши тебе. Ова додава жар во самиот тренинг со супер мотивационен ефект.

Во другиот дел од менито, Sport Inn нуди “Full body System”, тренинг програма која го става во функција вашето цело тело, доколку сакате нешто персонализирано и за вашите индивидуални потреби тука се индивидуалните тренинзи, а како “шлаг” на добриот тренинг, можете да пробате нешто од спа елементите задолжени за добар пост-тренажен опоравок.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија