таг / к4т видео

На седмото издание на меѓународниот џудо куп „Миоки Опен” кој во саботата (29.10.2016) се одржа во СЦ Јане Сандански настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 Држави. Во прекрасна спортска атмосфера љубителите на овој спорт можеа да уживаат во одличните борби.

Убави луѓе со убав дух, динамична програма со активности, производи, едукација за најважното нешто на крајот на денот - нашето ЗДРАВЈЕ, благосостојба и целокупна физичка и психичка кондиција.

Веќе трета година за ред, од вкупно пет колку што се одржува овој фестивал, нашиот тим имаше можност да присуствува и своевремено да ги документира уникатните делчиња од пространата и мистична сложувалка наречена Мариово. И одма ќе ви кажеме дека „Мариово Офф-Роуд - Влези во дивината” е нешто што вреди да се посети и повеќе од три пати затоа што секојпат открива нешто ново, нешто таинствено, нешто магично... 

Во недела на 27 декември се одржа Дедомразовска трка како дел од празничната предновогодишна програма на градот Скопје. За настанот во кој центарот на Скопје поцрвене со растрчани дедомразовци, се пријавија повеќе од четиристотини учесници.

Оваа година македонската јавност за прв пат имаше можност во текот на еден цел викенд да присуствува на саем кој беше конкретно наменет за негување на здравите животни навики, спортот и рекреацијата, здравата исхрана и негата за нашето здравје. Health, Fitness & Wellness EXPO 2015 помина во одлично светло, впрочем, ѕирнете нешто повеќе во видеото и останете во добро расположение до следната година...

И покрај немилите настани поради кои Скопскиот маратон оваа година беше на жалост откажан, луѓето после неколку месеци масовно одговорија на потребата на еден ваков спортски настан во нашата држава преку учество во ревијалната трка на пет километри која се одржа низ улиците на Скопје. Чиста петка за Виз Ер Скопски Маратон, чиста петка за сите учесници кои ги имаше во одличен број.

Во предел кој плени со неговата изолираност, чистота и природна убавина, викендов на 11 и 12.06.2016 стотици луѓе имаа можност да уживаат во активностите на отворено на првото издание на фестивалот „АлШар - Допри го сонцето” кој се одржа во скриеното кавадаречко Мариово и прекрасните падини на Кожуф планина. Уживајте во видеото... 

Прогнозата ја целевме уште од минатата недела, а поради фактот што во Македонија беше Водици (неработен празник) уште во старт знаевме дека ќе одиме во Брезовица, Косово - на таа страна од Шарка... Вторник, 19.01.2016 - шо да реча поќе?

На 1 ноември во Прилеп се одржа Првиот поштенски маратон во чии рамки се одржаа маратонска, полумаратонска, забавна и детска трка.

Овој викенд на 26-27.09.2015 година во прилепско и околината беше одржано петтото издание на единствената во поголеми размери трка во планинско трчање во Македонија.

Овој викенд, прекрасната природна сцена околу прилепските болдери е потполно спремна за најголемата и најмасовната трка во планинско трчање во Македонија. Повеќе од 170 натпреварувачи, 3 трки со различни должини и една цел. Дојдете да уживаме и да ги бодриме натпреварувачите на КМТ 2015.

FB Препораки