Комерцијален текст

АЛВОГЕН О.Р.С.

Жед, изнемоштеност, сува уста, вознемиреност, намалена нормална активност, ладна до препотена кожа, плачење без солзи, воспалени очи, обложен јазик, урина со темна боја…

Сите овие симптоми се јасен знак на дехидратација, состојба предизвикана од интензивно и прекумерено потење т.е. губиток на соли и вода во телото. Најчесто оваа состојба може да се манифестира како резултат на зголемен физички напор, вежби, висока влажност на воздухот или висока надворешна температура.

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се шумливи таблети кои се користат за едноставно и ефикасно лекување и спречување на дехидратација. Како додаток во исхраната ги надоместува неопходните соли и минерали, и на тој начин повторно воспоставува баланс во организмот. Бидејќи брзо се раствора, Алвоген О.Р.С. исто така се користи и превентивно со цел да спречи појава на можна несакана состојба на организмот.

Во својот состав Алвоген О.Р.С. содржи: глукоза, натриум хлорид (NaCl), калиум хлорид (KCl) и лимонска киселина. Растворениот напиток има пријатна освежувачка арома на лимонада што го прави повкусен за конзумирање.

Ако се појават кои било од знаците на дехидратација најдобро е Алвоген О.Р.С. да се конзумира веднаш. Бидејќи е во супер практично пакување овој додаток во исхраната препорачливо е секогаш да го имате со себе. Не чекајте да се појават симптомите на дехидратација, користете го превентивно.

Поради неговиот вкус, состав и функција Алвоген О.Р.С. особено е интересен за спортистите. Тие се секојдневно изложени на интензивен губиток на соли, минерали и течности. Затоа покрај вообичаените активности после напорен тренинг (како на пример истегнување, храна, масажа и сл.), Алвоген О.Р.С. е идеален за целосно опоравување. Неговата ефикасност да спречи дехидратација и да се задржи правилното финкционирање на телото во текот на подолг период е есенцијално важна функција за спортистите. Алвоген О.Р.С. овозможува спортистот да се чувствува како нов!

Алвоген О.Р.С. се раствора во вода пред почеток на напорна физичка активност и се конзумира постепено за да има поголема ефикасност. Исто така може да се продолжи со пиење во интервали во текот на активностите и по завршувањето на тренингот. Може да се конзумира при топли и влажни временски услови за да се надоместат изгубените течности од потењето. Секако, најдобро време за вежбање и спортски активности е наутро или попладне и препорачливо е да се избегнуваат најтоплите периоди во текот на денот.

Оние кои го користат знаат дека Алвоген О.Р.С. придонесува за добри резултати и е битен фактор за секој оној кој се бави со спорт. Овој додаток во исхраната може да го најдете во најблиската аптека.