SKIN DEEP

Што се крие под кората?

Нутриционистите препорачуваат: Заборавете на отстранување на лушпите или кората кај зеленчукот и овошјето! За сметка на тој чекор ќе се одбраните од рак, ќе го подобрите расположението и ќе изгледате вечно млади.

 

Еве неколку примери:

1. Лук: Лупењето на лукот ги отстранува антиоксидансите кои се наоѓаат во свиленкастата мембрана која го забавува процесот на стареење и го заштитува срцето.

Предлог: Без да го лупите лукот ставете го во јагнешко месо додека се пече или пак како додаток во Медитеранска зеленчукова салата.


2. Јаболка: Кората на јаболката содржи ретки антиоксиданси наречени тритерпеноиди кои играат важна улога во борбата против рак на црниот дроб, градите и и дебелото црево.

Предлог: Исецкајте го јаболкото на парчиња и мацнете си (народски речено) во путер од кикирики. Ова е одличен извор на енергија после вежбање.


3. Банана: Кората на бананата изобилува со лутеин, жолт пигмент кој го штити окото и сератонин, кој пак го подобрува расположението.

Предлог: Банана шејк со мед и млеко, со кората се разбира.


4. Компир: Доволно е да изедете само еден компир за да ја задоволите половина од вашата дневна доза на растителни влакна, калиум, железо, зинк и витамин Ц.

Предлог: Испечете неизлупени глави компир во малисново масло.


5. Портокал: Кората на портокалите содржи состојка d-limonene- типична за цитрусното овошје и освен што наоѓа голема примена во козметичките препарати има уште поважно дејство, а тоа е топење на холестеролот како и намалаување на штетното дејство на UV зраците дури до 70%.

Предлог: Рендана кора од портокал може да ја искористите како додаток во салата или пак во комбинација со печен лосос.


6. Киви: Варењето на “крзно” не важи само за месојадците. Кората на кивите содржи три пати повеќе антиоксиданси од делот под неа.

Предлог: Постојат киви со помалку влакненца на самата кора кои можете да ги јадете цели или пак напревете си шејк.