Најголемите грешки при подготовка на Смути

Следниот пат кога ќе подготвувате смути, обидете се да ги одбегнете овие најчесто грешки.

1. Не користите зелени листови

Зелените листови не само што се богати со хранливи состојки туку и го регулираат нивото на шеќер во организмот, кое може да се зголеми поради шеќерот во овошјето или пак другите природни засладувачи како што е медот, смоквите, итн. Тие се полни со витамин К, Ц, А, Фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, калиум, хлорофил и антиоксиданси. Не можете да консумирате зеленчук? Во шејкот нема ни да го забележите. Започнете со неколку мали ливчиња спанаќ во комбинација со вашето омилено овошје. Со текот на времето можете да правите многу повеќе комбинации.

2. Преполнување на чашата

Доколку ја преполните чашата може да дојде до претекување кое покрај нередот може и да го оштети Нутрибулетот. Доколку имате многу состојки кои сакате денес да ги искомбинирате, тогаш најдобро е да си подготвите 2 шејка наместо 1. Никогаш не ја надминувајте MAX линијата.

3. Премногу овошје или овошен сок

Преголемото количество шеќер во било која форма, со текот на времето може да доведе до здебелување. Овошјето е полно со влакна, антиоксиданси и други фито-хемикалии кои се неверојатно полезни за човечкото тело. Овошјето и овошниот сок, сами по себе го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а со време, гликозата и инсулинот може да доведат до дијабет. Исто така, доколку со време не ги согорите молекулите на гликоза, тие ќе се претворат во масно ткиво.

4. Пиете премногу брзо или премногу полека

Некои од нас сакаат да уживаат во вкусот, додека па други не ја спуштаат чашата додека не испијат се. Доколку спаѓате во една од овие групи, тогаш грешите. Колку подолго хранливите состојки се изложени на топлина, светлина и воздух, толку побрзо се распаѓаат. Доколку го подготвите смутито и го оставите отворено на работното биро, тоа со време оксидира и ги губи хранливите карактеристики. Едноставно затворете го со капак и најдобро е да го чувате во фрижидер.

Од друга страна пак, ако го пиете во еден здив, најверојатно ќе се чувствувате подуени, ќе имате проблем со киселини, па може дури и да гадење и вртоглавици. Кога пиете полека му давате на вашето тело време ефикасно да го обработи она што го внесувате.

5. Не подготвувате смути

За ова нема изговор: тие се едноставни за подготовка, вкусни, полни со хранливи состојки, апаратот брзо и лесно се чисти. На друг начин вашето тело никогаш нема да може да ги впие сите тие хранливи состојки, освен преку шејкот. Исто така, на овој начин можете да ги јадете и оние состојки кои обично ги одбегнувате, со тоа што ќе ги камуфлирате со омилените вкусови.

6. Не е доволно ладно

Шејковите се многу повкусни кога се ладни. Ставете замрзнато овошје или пак само неколку коцки мраз и уживајте.

7. Не користите квалитетни состојки

Го пиете она што го користите. Доколку не користите квалитетни состојки не очекувајте да добиете вкусно и квалитетно смути. Секогаш одлучете се за свежи, здрави состојки, органски секогаш кога ќе имате таква можност.

8. Не користите здрави состојки

Доколку би им подариле Нутрибулет на вашите родители, најголем дел од нив на почетокот најверојатно ќе го користат за подготовка на благи пијалаци, како што е на пример милк шејк со сладолед. Тоа што треба да го знаете е дека подготовката на смути е нешто кое би требало да го подобри вашето здравје, па затоа држете се до здравите состојки. Одбегнувајте вештачки засладувачи, полномасно млеко и млечни производи, сок од портокал, одредени протеини во прав и тревки кои не ви се препорачани од лекар.

9. Се плашите да го менувате оригиналниот рецепт

Можностите се бесконечни! Разбудете ја својата креативност. Комбинирајте ги состојките и уживајте во новите вкусови.

10. Премногу состојки

Доколку користите премногу состојки, можно е да дојде до претекување од чашата. Исто така, комбинацијата од премногу различни вкусови може да има чуден и не баш пријатен резултат. Најдобро е да имате малку зелени листови од еден вид на зеленчук, 2 мали парчиња различен зеленчук, 1-2 овошја и 1-2 јатки. Додадете и малку вода.