Штетни продукти во исхраната – Соја, маргарин и шеќер

Дали консумирате соја, маргарин и сахароза (бел, жолт или кафеав шеќер)? Прочитајте како делуваат на вашето здравје, внатрешните органи и артерии, телесната тежина и имунолошкиот систем.

Соја – штетна за мажи и жени (во најголем дел е генетски модифицирана), деца не би требало да ја консумираат во ниеден облик. Се наоѓа во повеќе видови леб (како брашно), во пецива, како растителен протеин во вегетеријански паштети, како соин лецитин во огромен број на производи, односно тешко да се најде процесирана храна во која да нема соја во одреден облик.

Кај мажите го намалува создавањето на тестостерон и стимулира создавање естроген што може да доведе до намалување на мускулната маса, заслабната ерекција, намалена сексуална желба и гинекомастија – зголемување на градите.

Кај жените може да го поремети хормонскиот систем што би можело да доведе до неплодност, пореметен менструален циклус и да предизвика тумори во градите. Кај двата пола може да доведе до пореметување на функцијата на штитната жлезда.

Кај машките деца може да предизвика феминизација а кај женските до прерано созревање на полните карактеристики односно преуранет ПМС. На бебиња не би требало да се дава во ниеден облик затоа што фитоестрогените коишто во организмот делуваат како женскиот хормон естроген можат да влијаат на развојот на репродуктивните органи на бебето.

Сојата би требало или воопшто да не се консумира или да се консумира во многу мали количини во ферментирана состојба (не повеќе од 10-20 грама на ден за возрасен) со што би се намалила можноста за несакани (и штетни) ефекти.

Маргарин – високо загреано и хидрогенизирано билно масло, третирано со хемикалии, конзерванси и вештачки ароми. Дебелее, го зголемува ЛДЛ холестеролот што има за последица стеснување на крвните садови и појава на артериосклероза со што се зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Содржи транс-масни киселини што навлегуваат во масното ткиво на телото и во клеточните мембрани, го пореметуваат метаболизмот, го зголемуваат ризикот од дијабетес и го намалуваат квалитетот на мајчиното млеко. Постојат одредени индиции дека се можни и пореметувања на имунолошкиот систем и плодноста како и забавување на растот на мозочното и нервното ткиво на ембрионот.

При процесот на производство со загревање на високи температури во маргаринот влегуваат и одредени количини на токсични метали како никел или алуминиум коишто се складираат во клеточните мембрани што може да доведе до пореметување на нервниот систем.

Уште една штетна состојка која настанува при загревање на маслото (се наоѓа во рафинираните масла, а посебно во палмовото) е глицидил естерот којшто во организмот може да премине во глицидол, канцерогена состојка со широка примена во индустријата со што на некој начин се потврдуваат одредени тврдење дека консумираме течна пластика која негативно влијае на секоја клетка во организмот.

Во испитувањето на германскиот магазин Еко-Тест од 2010 година од 19 тестирани маргарини на германскиот пазар 16 содржеле глицидил естер.

Апсолутно штетен за организмот и артериите, не може да се најде ниту една разумна причина за негова употреба во исхраната.

Бел, жолт или кафеав шеќер (сахароза) – скриен убиец, дебелее, го заслабнува имунолошкиот систем и ги прави крвните садови поподложни на пукање. Го оптеретува панкреасот и многукратно ја зголемува можноста да се заболи од дијабетес и е еден од главните фактори за создавање на кариес.

Го одзема калциумот од коските и го закиселува организмот што создава плодна почва за развој на инфекции. Ги храни габичните организми како Кандида Албиканс. Огромна е листата на пореметувања што настануваат од редовна употреба на сахароза во исхраната.

Еден совет за сите кои имаат инфекција, настинка, ангина или рана, веднаш треба да се престане со консумација на сахароза и драстично да се намали внесот на храна богата со скроб за да му се помогне на имунолошкиот систем полесно да се справи со болеста.

Секој што се стреми кон оптимално здравје, да изгледа убаво, да биде фит и во одлична физичка кондиција, ќе му направи огромна корист на сопствениот организам ако ги консумира овие продукти во што помала количина и што поретко со што ќе направи битен чекор кон стекнување совршено здравје, силен имунолошки систем и забавено стареење на организмот.